Добредојдовте...

Училиштето за странски јазици и студио за преводи ИНТЕРКУЛТУРА е посветено на постигнување солидни јазични вештини кај слушателите. Нудиме јазични курсеви за сите возрасти како и настава прилагодена на слободното време, на барањата и на степенот на познавање на јазикот кај заинтересираните кандидати и идни ученици.

Нашата цел не е само изучување странски јазик туку и здобивање ефективни алатки за комуникација и разбирање во општеството кое нè опкружува и во кое живееме.

Нашата визија е да им овозможиме на нашите слушатели услови за целосно изучување на одреден странски јазик како и стекнување знаења од општата култура и цивилизација.


Вистинската професионалност во полето на изучување странски јазици се докажува со користењето на најсовремени наставни методи за изучување странски јазици (аудиовизуелна настава во комбинација со комуникативен пристап како и примена на најсовремени дидактички и педагошки теории) и со квалификувани, искусни, интересни и инвентивни професори.

 

 
 

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Анкета

Во која земја би оделе за летниот одмор да го поминете во учење странски јазик и патување?