Стандардните курсеви за деца и за возрасни за сите странски јазици се во времетраење од максимум 4 месеци. Интензивните курсеви траат од два до два и пол месеци во зависност од големината на групата и интензитетот на часовите. Групите се состојат од најмногу 8 слушатели а тоа дозволува еднакво учество на секој слушател во текот на наставата. Наставата е динамична, интересна, релаксирана и прилагодена на- потребите на сите слушатели. Во текот на курсевите слушателите се здобиваат со јазични вештини како читање, пишување, комуникација, збогатување на речникот.

Вообичаените уписи секоја година се од 20 август  до 10 септември и од 3 до 12 јануари.

 

Доколку оформите група од минимум 5 слушатели можете да стартувате со групата било кое време во годината. Интеркултура со оваа понуда Ви овозможува единствена шанса за иста цена самите вие да ги одберете термините на одржување на курсот како и да ја одредите динамиката на часовите.

 

ЈАЗИК ОПШТИ КУРСЕВИ ИНТЕНЗИТЕТ ВРЕМЕТРАЕЊЕ ПЕРИОД НА УПИС ЦЕНА МЕСЕЧНА РАТА
Француски и шпански јазик стандарден 2x 90 мин 4 месеци Од 20 Август до 12 септември ; од 03 до 12 јануари 4800 ден 1200 ден
  интензивен 2x 120 мин 2,5 месеци   5000 ден 2500 ден na 2рати
  Супер интензивен 3x 120 мин (еден термин задолжително за викенд) 2 месеци   6000 ден 3000 ден на 2рати
Англиски, Германски, Италијански стандарден 2x 90 мин 4 месеци   5200 ден 1300 ден
  интензивен 2x120 мин 2,5 месеци   5200 ден 2600 ден на 2рати
  Супер интензивен 3x 120 мин (еден термин задолжително за викенд) 2 месеци   7000 ден 3500 ден
Албански стандарден 2x 90 мин 4 месеци   5600 ден 1400 ден
  интензивен 2x120 мин 2,5 месеци   6000 ден Плаќање на 2 или 3 рати
Грчки стандарден 2x 90 мин 4 месеци   5600 1400 ден
Кинески стандарден 2x 90 мин 4 месеци   8000 ден 2000 ден
Mакедонски за странци стандарден 2x 90 мин 4 месеци   7600 ден 1900 ден

Можност за индивидуална настава за сите горенаведени јазици. Повеќе информации за овој вид настава во просториите на Интеркултура или во контакт формата на нашата интернет страна.

 Условите и Цените за специјализираните курсеви ќе ги најдете во делот Специјализирани курсеви и деловна соработка 
*За секоја група потребни се минимум 4 слушатели.
*Во цената не е вклучен материјалот за работа на час.
*Со секој упис добивате купон за попуст на одредени речници, за одредени летни јазични програми во странство организирани преку Интеркултура
*Попуст од 10 до 15% за запишани 2 односно 3 членови од едно семејство.